5.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Елмас стартер против Јуве, овојпат ќе игра во средниот ред

Антонио Конте не може да смета на многу повредени фудбалери, па Елиф Елмас често добива шанса да биде стартер во тимот на Наполи, така ќе биде и вечерва на дербито против Јувентус.

Конте често го користеше Елмас како лево крило, но вечерва на крилните позиции ќе бидат Нерес и Ланг, а Елмас ќе треба да биде во улога на организатор на играта заедно со Мектоминеј и Ди Лоренцо.

Сестраноста на македонскиот фудбалер е квалитетот кој му се допаѓа на тренерот Конте, а на Елмас е да ја оправда довербата и да покаже дека поеднакво добро може да игра на неколку позиции.

- Оглас -

Најнови вести