Страшната вест за смртта на Владимир Блажев-Панчо потресе многумина, тој беше близок и со многу спортисти, меѓу кои и Елиф Елмас.
Фудбалерот со објава на „Инстаграм“ се прости од својот, како што го нарече, пријател и постар брат, а на фотографијата двајцата позираат со златниот медал кој го доби Елмас за освоената титула првак на Италија со Наполи од 2023 година.
Популарниот Панчо присуствуваше на последниот лигашки домашен меч на Наполи во сезоната 2022/2023 на кој ја освоија третата шампионска титула во историјата, а низ улиците на Неапол сними и спот на песната „Мами“.