Елмас утре може да биде стартер против Реал Мадрид, Анчелоти на помош го повика Зидан!

Елиф Елмас можеби ќе биде изненадувањето на тренерот Валтер Мацари во стартната постава на Наполи на утрешното гостување кај Реал Мадрид.

Според некои италијански медиуми, Наполи во Мадрид ќе игра во формација 4-3-3, со тоа што офанзивното трио би го сочинувале Елмас, Кварацхелија и Осимен.

Викендов против Аталанта, Елмас влезе на местото на Политано, играше како десно крило и го постигна победничкиот гол. Веројатно со тоа ја стекна довербата кај Мацари, па тренерот размислува да го стави во почетниот состав.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, го има тренирано и добро го познава Елмас, тој е најзаслужен што Елмас од Фенербахче премина во Наполи. Елмас веројатно нема да биде големо изненадување за Анчелоти, а тренерот на Реал поради бројните повреди, принуден е за утре да повика неколку млади играчи во средниот ред, меѓу нив и Тео Зидан, кој првпат ќе биде во составот на најтрофејниот европски клуб.

Тео е син на Зинедин Зидан и може да стане четвртиот член од семејството Зидан кој заиграл за Реал.

- Оглас -

Најнови вести