Елмас ужива на мечеви со публика: Среќен сум, ќе дадеме сè од себе да го израдуваме народот со успех на ЕП

Елиф Елмас е во топ-форма, нашиот најмлад стандарден репрезентативец се разигра и распука во последно време и на три меча по ред даваше голови.

Погоди со Лихтенштајн, Германија и против Словенија, а утре од 18 часот ќе има можност да ја продолжи голгетерската серија против Казахстан.

„Сè е полесно кога играме пред публика, ја почувствуваме поддршката на фановите и среќни сме за тоа. Очекувам добар меч против Казахстан. Иако дојдоа со подмладен состав, тие се квалитетни и тоа го покажаа со ремито против Украина. Како и на сите други натпревари, ќе се обидеме да победиме и утре. Свесни сме за притисокот како се приближува почетокот на ЕП, но ќе одиме да се докажеме и да потврдиме дека сме квалитетна репрезентација. Играме во силни клубови и ќе дадеме максимум на овој голем собир на кој сакам да ја израдуваме нацијата“, изјави Елмас.

Тој веројатно ќе биде во стартниот состав на Македонија и утре за дуелот со Казахстан од 18 часот во Скопје, иако се најавени измени во нашиот табор.

 

- Оглас -

Најнови вести