Елмас ужива во лудиот Неапол, навивачите не го пуштаа газдата на Наполи да си замине од стадион (Видео)

Елиф Елмас и Наполи се сè поблиску до шампионската титула во Серија А, а многу важна е победата во Сончевото дерби на Италија против Рома со 2:1.

Вчера Наполи беше подобар од Римската волчица и по 20 кола од вкупно 38, има предност од 13 бода пред Интер, по 15 пред Лацио, Милан и Аталанта и 16 од Рома.

По мечот со Рома атмосферата на и надвор од стадионот „Диего Армандо Марадона“ беше спектакуларна, а навивачите не го пуштаа дури ни сопственикот Аурелио де Лаурентис да си замине.

И тој се радуваше со симпатизерите на Наполи, но и не успеа да ги наговори да му ослободат пат за да си замине со својот автомобил.

https://twitter.com/IFTVofficial/status/1620041251600101378?s=20&t=ttQgyFb5GZb-mip6KG2Y9A

Наполи над три децении чека шампионска круна во Италија, а ги има две, едната во сезоната 1986/87 и потоа во 1989/90.

Во двете титули значаен продонес имаше иконата на клубот Диего Армандо Марадона, кој почина во ноември 2020 година, а по него е именуван стадионот на Наполи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести