Елмас вечерва нема да биде дел од првиот тим, шансата ќе ја чека од клупата (Фото)

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, го објави списокот на фудбалерите кои ќе истрчаат на стадионот „Диего Марадона“ од првата минута против Милан во реваншот од четврфиналето во ЛШ и на него не се наоѓа македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас настапи и на првиот меч кој заврши со триумф од 1:0 на Милан и на него за првпат во кариерата играше како напаѓач поради повредата на Виктор Осимен, но за вечерва Спалети одлучи да му даде шанса на Ндомбеле.

https://twitter.com/sscnapoli/status/1648382449615765505?s=20

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, не го менува тимот кој го победи Наполи во последните два меѓусебни меча, 4:0 беше во Серија А и 1:0 во ЛШ.

https://twitter.com/acmilan/status/1648383192083079177?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести