Елмас веќе е во Германија, денеска потпишува за Лајпциг!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас отпатува во Германија и веќе е во Лајпциг, градот кој треба да биде негов дом во следниот период. По четири и пол години поминати во Наполи, Елмас реши да направи трансфер и за сума од 25 милиони евра ќе се пресели во Лајпциг. Ова е најголем трансфер на еден македонски играч во историјата.

Елмас денеска треба да ги одработи лекарските прегледи, а откако тоа ќе се заврши, ќе следи и официјално потпишување на договорот кој ќе го обврзе македонскиот репрезентативец да биде во Лајпциг до јуни 2028 година.

Газдата на Наполи Аурелио де Лаурентис, рече дека Елмас си заминал од клубот затоа што не бил задоволен од минутажата која ја добивал.

На Лајпциг му беше потребен квалитетен играч од средниот ред, откако од екипата си замина Форсберг, додека Дани Олмо уште е повреден и не е на располагање за во составот.

- Оглас -

Најнови вести