Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, и еден од нашите најдобри фудбалери, Елиф Елмас, зборуваа за магазинот на УЕФА ТВ.
Милевски и Елмас зборуваа за патот на Македонија во квалификациите за СП и за тоа какви ни се шансите да бидеме дел од Мундијалот во Катар. Елмас поради суспензија, нема да може да игра против Италија, но ако ги победиме Аѕурите, ќе биде на располагање за финалето од плејофот. Елмас, чиј татко е познат слаткар од Скопје, вели дека без размислување би направил една голема торта, и тоа на плоштадот во Скопје, само да се пласираме на Мундијалот во Катар.
„Дај Боже да се пласираме на Светското првенство, а потоа ако треба на плоштадот ќе направам торта“, вели Елмас. Целото видео од магазинот на УЕФА ТВ може да го погледнете тука.