Елмас влезе како резерва и за девет минути даде одличен гол (Видео)

Елиф Елмас го постигна шестиот погодок сезонава во Серија А за Наполи, погодувајќи на мечот против Кремонезе. Македонскиот репрезентативец беше на клупата за резерви, а во игра влезе во 70 минути при водство на Наполи од 2:0.

На Елиф му беа потребни помалку од 10 минути за да постигне гол. Во 79 минута, сам тргна во напад, му додаде на Ди Лоренцо, а овој одлично му асистираше на Елмас кој фудбалски од прва шутираше во мрежата на гостите за водство на Наполи од 3:0.

- Оглас -

Најнови вести