Елмас во Наполи добива конкуренција од Тотенхем

Наполи отпочна преговори со Тотенхем околу ангажман на Џовани Ло Селсо. Играчот за врска е на пат да биде позајмен на стадионот „Диего Марадона“ со опција неговиот договор да се откупи идното лето.

Ло Селсо е вишок во составот што го води Антонио Конте, а со евентуалниот ангажман би претставувал конкуренција за Елиф Елмас во средината на теренот.

Ло Селсо од 2020 година е член на Петлите, дојде од редовите на Бетис. Минатата полусезона ја мина на позајмица во Вилјареал, шпанскиот клуб исто така се обиде да го ангажира, но Наполитанците остварија поконкретни потези и наскоро ќе се знаат сите детали околу овој трансфер.

- Оглас -

Најнови вести