-3.2 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Трансферот на Елиф Елмас во Наполи е завршена работа!

Елиф Елмас по 18 месеци се враќа во Наполи, тврди Фабрицио Романо. Според најпознатиот фудбалски инсајдер, трансферот на македонскиот репрезентативец од Лајпциг во Наполи е завршена работа.

Нашиот репрезентативец во Неапол ќе пристигне како позајмен, со опција за откуп на крајот од сезонава. 25-годишниот фудбалер пред една ипол година се пресели од Наполи во Лајпциг за 24 милиони евра, но по неуспешната авантура во Бундеслигата се враќа во редовите на актуелниот шампион на Италија.

- Оглас -

Најнови вести