Елмас во стартниот тим и веднаш даде гол за Наполи (Видео)

Македонскиот Елиф Елмас се израдува на првиот гол сезонава во Серија А, откако погоди на дуелот против Лече. Елмас доби шанса во првиот тим и тоа веднаш го искористи.

Се играше 27-мата минута, кога Елмас успеа да им донесе радост на домашните фанови.

Сепак, радоста на фановите на Наполи траеше кратко затоа што Лече израмни само четири минути подоцна со голот на Коломбо.

- Оглас -

Најнови вести