Наполи минимално со 1:0 го победи Лече на гостински терен во меч од деветтото коло во италијанското првенство. Со оваа победа Наполи стигна до 21 бод и тоа е доволно за да биде лидер во Серија А, пред Рома, која има 18 бода и меч помалку, тој против Парма на „Олимпико“ што ќе го игра утревечер.
Во стартниот тим на Наполи по подолго време беше и Елиф Елмас. Макединскиот репрезентативец играше до 85-тата минута, што значи дека ова е меч на клупско ниво, на кој најмногу играше.
За Елмас ова беше вторпат сезонава да биде стартер во тимот на Наполи и неговиот тим вторпат се радува на триумф. Првиот пат кога беше стартер, Елмас одигра 58 минути, а Наполи на домашен терен со 3:2 ја победи Пиза.
Ангуиса беше стрелец на единствениот гол што донесе три бода за Наполи откако одлично се снајде по еден центаршут и со глава ја затресе мрежата на домаќините во 69-тата минута.
Во Лече има за што да жалат затоа што во 55-тата минута, младиот Камарда шутираше пенал, но неговиот удар го одбрани голманот на Наполи, Вања Миленковиќ-Савиќ.

