И вториот тест за корона-вирус на Елиф Елмас е негативен, откако Наполи потврди негативни резултати од вториот бран тестови во клубот.
Еден од двајцата заразени играчи беше токму Елмас, поради што не беше во можност да му се стави на располагање на селекторот Ангеловски за претстојната репрезентативна пауза. Со два негативни теста Елмас ќе добие дозвола да се приклучи на тренингот со соиграчите.
И вториот заразен играч, Пјотр Зјелински, исто така го надмина вирусот, па Наполи може конечно да прогласи победа над корона-вирусот кој направи големи проблеми по дуелот против Џенова во Калчото.
All the COVID-19 tests carried out on the team this morning have come back negative.
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) October 10, 2020