Елмас замина од Наполи дека не играше, но и во Лајпциг треба да се докаже за да биде стартер

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, денес ќе биде во составот на екипата на Лајпциг за дуелот од Бундес лигата против Ајнтрахт Франкфурт. Сепак, нашиот бисер шанса за настап ќе чека од клупата за резерви, барем според германските медиуми.

Елмас си замина од Наполи токму заради таа причина, дека не играше, но сега и во Лајпциг ќе мора да се докажува. Сепак, веројатно е очекувано што на првиот меч нема да добие шанса од првата минута, бидејќи само десеттина дена е со новата екипа и треба да се вклопи и воигра.

Очекувањата се дека во средниот ред на Лајпциг ќе се најдат Опенда, Симонс и Симакан, иако се на само еден картон од суспензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести