Македонија е елиминирана од мундијалските квалификации, откако со убедливи 4-0 загуби од Данска во Копенхаген. Елиф Елмас вели дека искуството на Данска дошло до израз во второто полувреме, а ние како млада селекција треба се уште да созреваме.
„Не е првпат да ни се случи вакво нешто. Тешко е да се каже било што, но тоа е тоа. Во прво полувреме бевме добри, се поставивме како што требаше одигравме тоа што требаше бевме сконцентирани максимално, имавме посед, се брневме во трета зона, но ете не успеавме. Долго време зборуваме дека во тоа второ полувреме треба да бидеме сконцентирани. Не знам, тешко е да зборува со жешки глави, но тоа е фудбалот да работиме уште повеќе, не сме на највисоко ниво. Имаме нов селектор, нов систем, имаме млади играчи кои треба уште да созреваат. Искуството на Данска во второто полувреме дојде до израз, исто и нивниот менталитет, не простуваат никаква грешка, напаѓаат 90 минути.“ – рече Елиф Елмас по мечот против Данска.

