Елнени поради заземање став му направи проблем на Арсенал со голем спонзор

Мохамед Елнени му направи проблеми на Арсенал со заземањето став околу немирите кои се случуваат во Израел. Египетскиот репрезентативец изрази поддршка за палестинскиот народ кој страда од бомбардирањата, меѓутоа италијанската компанија за кафе „Лаваца“, го протолкува тоа како заземање страна и како расистичка реакција.

Елнени на „Твитер“ има околу 4,8 милиони следбеници, па тие го прочитаа статусот: „Моето срце и душа, моја моддрша за вас Палестинци“, што наводно е навреда за дел од еврејските навивачи на Арсенал, па сега од „Лаваца“ очекуваат извинување од страна на клубот и самиот фудбалер.

„Ја осудуваме објавата на фудбалерот и очекуваме од Арсенал веднаш да реагира. Ние не се компанија кога ги дели своите клиенти и очекуваме соработниците да бидат на исто ниво со нас. Објави од ваков тип ние ги сметаме за расистички, а во нашата компанија нема место за расизам и антисемитизам“, пишува во соопштението на „Лаваца“.

Имаше остри реакции и од еврејски навивачи на Топчиите, кои бараат Елнени да биде отстранет од тимот до крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести