Еден од најбогатите луѓе на денешницата, Илон Маск, ја купи социјалната мрежа „Твитер“ за речиси 41 милијарда американски долари.
Иако за нас тоа е неверојатна сума пари, за Илон претставува само една четвртина од неговото богатство. На интернет се појави една навистина интересна фотографија на којашто се клубовите коишто Маск можеше да ги купи со тие пари.
Листата навистина е импресивна и не треба да се трошат зборови за самите тимови, а може да си направат и сопствена лига, како идејата за Суперлигата.
Да се разбереме, Илон и покрај тоа што потроши неверојатна сума, пак ќе биде во можност да ги купи овие, но и многу повеќе клубови од листата.