8432 Џоел Ембид (НБА, Филаделфија 76 – Бостон селтикс, 01.30 часот)
Центарот на Филаделфија игра брилијантна сезона и е сериозен конкурент за наградата МВП во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.
Ембид е и прв стрелец во лигата со 29,5 поени, а урна неколку рекорди сезонава и лични и клупски.
Против Бостон играше двапати во овој циклус и еднаш постигна 41 поен, а потоа и 25.
Сега границата е некаде помеѓу и за плус поени му треба да уфрли повеќе од 31 поен.
Бостон нема центри од екстра-класа, го врати Тајс, но тој и Вилијамс не можат да го сопрат Ембид, кој е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата.
Предлог тип: >31,5 поени (2.00)
8448 Ентони Едвардс (НБА, Минесота тимбервулфс – Шарлот хорнетс, 02 часот)
Младиот кошаркар на Минесота е еден од најперспективните кошаркари во НБА-лигата и Волците направија вистински потег што го одбраа како прв пик на драфтот во 2020 година.
Едвардс е еден од најатрактивните играчи во најсилната лига на светот, а има само 20 години.
Моментно со просек од 22,4 поени е во Топ-20 на листата со најдобри стрелци во НБА, што на негова возраст и на почеток на кариерата не е мала работа.
Едвардс одигра скромно на првиот меч сезонава против Шарлот, постигна само 11 поени, но сега приказната е сосема поинаква.
На последните три натпревари просекот му е над 31 поен, а очекуваме да го продолжи трендот со ефикасни мечеви и да постигне над 24 поени и против Шарлот.
Предлог тип: >24,5 поени (1,90)
8452 Тери Розие (НБА, Минесота тимбервулфс – Шарлот хорнетс, 02 часот)
Розие се прероди откако од Бостон се пресели во Шарлот и е еден од најдобрите бекови во НБА.
Хорнетс имаат шанса да играат во плејофот, иако во последно време паднаа со формата и имаат 7 порази на последните 8 натпревари.
Розие е главниот двигател и мотор во играта на Шарлот и од него зависат многу работи.
Во последно време, во отсуство на Гордон Хејвард, Розие е главен шутер и прв стрелец на Хорнетс.
На двата последни дуели постигна 25 и 35 поени, па очекуваме хет-трик од 25+ на бекот на Шарлот.
Предлог тип: >21,5 поени (1,95)
8457 Њу Орлеанс пеликанс – Мемфис гризлис (НБА, 02 часот)
Мемфис игра фантастично и нареди пет победи по ред, што им дава можност на Морант и соиграчите да се надеваат и на првото место во Западната конференција.
Токму Џа Морант е парчето во мозаикот што им недостасуваше на Мечките за да имаат конкурентен тим, а бекот игра брилијантна сезона.
Најважно за Мемфис е што имаат релативно млада и полетна екипа која ќе биде тврд орев за сите екипи во плејофот.
Њу Орлеанс е во транзиција, но направија извонреден потег со ангажманот на Си-Џеј Меколум од Портланд.
Проблем им е неиграњето на Зајон Вилијамсон, кој беше прва ѕвезда пред повредата на стапалото што го оддалечи од паркетот.
Њу Орлеанс може да му парира на Мемфис, но одлична варијанта е да се одигра над 115,5 поени на гостите, кои ја минуваа оваа граница на последните 6 натпревари.
Предлог тип: Т2>115,5 поени (1,84)
8392 Њу Џерси девилс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01 часот)
Дуелите на Њу Џерси и Тампа Беј во последно време се за мерак за сите љубители на хокејот во НХЛ-лигата и со многу голови.
На 7 од последните 9 натпревари Девилс и Лајтнинг лесно ја минуваа границата од пет гола, што треба да се искористи и за мечот што ќе се игра ноќеска од еден часот.
Актуелниот шампион Тампа Беј е четвртата најефикасна екипа во Источната конференција со 163 гола, зад Флорида, Торонто и Питсбург, а стартниот напад со Кучеров, Палат и Поинт веројатно е и најдобриот трилинг напаѓачи во првата постава во НХЛ-лигата.
Њу Џерси има мали шанси за настап во плејофот, но додека има шанса, ќе се обидат да направат сензационален исчекор за учество во битката за титулата.
Ѓаволите имаат ѓаволски лоша одбрана со 176 примени голови, а пред нив е само Монтреал со 191 погодок.
Предлог тип: >5,5 гола (1,55)