Кошаркарите на Филаделија сиксерс благодарение на одличната игра во последната четвртина славеа над Њујорк никс со 119:112. Ова беше 20-та победа во 32-от натпревар за Филаделфија сезонава, додека Њујорк има скор 18-16.
Во првото полувреме подобар тим беше Њијорк кој имаше и 13 поени предност, но до паузата за одмор Филаделфија дојде до минус три. Победникот беше одлучен во последната четвртина во која блескаа Џејмс Харден и Џоел Ембид, како и Џорџес Ниенг кои погоди три тројки, за триумф на Филаделфија.
Ембид со 35 поени, Харден со 29 поени и 13 асистенции и Ниенг со 16 постигнати поени, беа најдобри кај победничкиот тим, додека во редовите на Њујорк се истакна Џулиус Рендл со 35 постигнати поени.