Ембид и Филаделфија пред елиминација, не можат да го запрат неверојатниот Брансон

Кошаркарите на Њујорк никс славеа со 97:92 во четвртиот меч во плејоф-серијата против Филаделдија сиксерс и дојдоа само на една победа од пласман во следната рунда.

Њујорк со првиот брејк во серијата поведе со 3-1 во победи и ќе има можност пред своите гледачи да го прослави пласманот во полуфиналето во Источната конференција.

Најзаслужен за победата на Њујорк беше Џејлен Брансон со 47 поени и 10 асистенции. Одлична партија одиграа и Огугуа Ануноби со 16 поени и 14 скокови, и Мајлс Мекбрајд со 13 поени.

На Филаделфија не и помогна ниту минатогодинешниот МВП, Џоел Ембид кој мечот го заврши со 27 поени, 10 скока и шест асистенции.

Петтиот натпревар од плејоф-серијата ќе се одигра во среда во еден часот по полноќ во култниот „Медисон сквер гарден“.

- Оглас -

Најнови вести