Ѕверот од Филаделфија им ја свитка опашката на Рептилите од Торонто и му се закани на раперот Дрејк (Видео)

Меката рака на фантастичниот центар на Филадлфија, Џоел Ембид, и прецизниот удар за тројка на само 7 стотинки до крајот на продолжението ги скроти Рептилите од Торонто за трета победа по ред на популарните 76-ки во првото плејоф-коло во Источната конференција.

Кандидатот за МВП во регуларниот дел на сезоната ја круниса доминацијата на теренот со победнички шут за 104:101 од тешка позиција, а потоа му се закани на познатиот рапер Дрејк дека ќе се врати за метла на четвртиот дуел.

„Доаѓам да ве изметам до крај“, му подвикна центарот на Филаделфија на Дрејк, кој е голем навивач на Торонто и често е на натпреварите во првиот ред кога играат популарните Рептили.

https://twitter.com/TheNBACentral/status/1516978403727003649?s=20&t=L5mdMpyKg7RcvcA3fq0Lxw

Ембид доминираше на паркетот, а одигра фантастично во второто полувреме, кога постигна 28 поени од вкупно 33 и ја водеше Филаделфија до победа за 3-0.

По првиот дел имаше само 5 поени и 4 скока, а го заврши третиот натпревар со 33 поени и 13 скока.

https://twitter.com/espn/status/1516972114120626177?s=20&t=L5mdMpyKg7RcvcA3fq0Lxw

И следниот меч се игра во Торонто, задутре, и ако Филаделфија повторно победи, ќе се пласира во второто плејоф коло со популарната „Метла“, односно без пораз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести