-3.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Ембид одигра за историја, фаворитите според планот во НБА лигата

Четирите натпревари од НБА лигата кои што се одиграа изминатата ноќ минаа според планот на фаворитите. Филаделфија 76-ерс предводена од Џоел Ембид кој даде 41 и Џејмс Харден кој постигна 22 поени, ги победи Индијана пејсерс со 133:120.

Со овие 41 поен, Ембид сега има во просек над 30 поени по натпревар со што стана првиот центар во НБА лигата по Мозес Малон кој во 1981-82 сезона бележел просек по 31.1 поен по меч.

Точно на полноќ стартуваше средбата меѓу Мемфис гризлис и Њу Орленс пеликанс која што исто така убадливо им припадна на домаќините со 141:114 а најефикасен беше Дилион Брукс со 23 поени.

Единстената радост на гостите ја донесе Голден Стејт ворирорс кој што без најголемите свои ѕвезди го победи Сан Антонио спарс со 94:100. Највеќе поени постигна Лони Вокер (24) од Сан Антонио.

Пол Џорџ со 23 поени одигра уште една добра партија за Лос Анџелес клиперс кои го совладаа Сакраменто кингс со 117:98 и во добра форма ќе влезат во плеј ин турнирот.

НБА

Филаделфија 76-ерс – Индијана пејсерс 133:120

Мемфис гризлис – Њу Орленс пеликанс 141:114

Сан Антонио – Голден Стејт ворирорс 94:100

Лос Анџелес клиперс – Сакраменто кингс 117:98

 

- Оглас -

Најнови вести