Џоел Ембид одби да игра во кошаркарската репрезентација на родниот Камерун и го облече дресот на САД. Ембид токму со американската селекција се радуваше на златниот медал на Олимписките игри во Париз. Иако одби да игра за Камерун, очигледно дека не му забележаа многу во родната земја, туку дури го пречекаа како херој.
Ембид пристигна во Камерун, каде што беше пречекан директно од претседателот на земјата, Пол Биј, кој му додели орден за „посебен придонес во различни области, во кои се вклучени и уметноста, науката, земјоделството, трговијата“.
Ембид е роден во Камерун и таму живеел до својата 16 година. Потоа се преселил во САД. Одличниот 30-годишен кошаркар имаше шанса да одбере дали ќе игра за Камерун, САД или Франција, а на крајот реши да биде дел од американскиот Дрим тим.