Џоел Ембид е еден од најдобрите центри во НБА лигата и репрезентативец на САД кој летово го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз. Во текот на целата НБА кариера, Ембид го носи дресот на Филаделфија 76, а според инсајдерски информации во најсилната кошаркарска лига во светот, центарот ќе остане верен на неговиот клуб.
На Ембид му се понудени 193 милиони долари за нов тригодишен договор со Филаделфија, а ако се додадат и преостанатите две сезони од договорот, тоа значи дека ќе заработи дури 301 милиони долари за петте сезони кои следуваат и ќе биде еден од најплатените кошаркари на сите времиња.
Во 2014 година од универзитетот во Канзас дојде во НБА лигата кога 76-ките го избраа како трет пик на драфтот. Во 2023 година беше МВП и член на идеалната петорка. Седум пати беше дел од Ол-стар викендот, два пати бил најдобар стрелец во лигата, четири пати бил дел од втората најдобра петорка во НБА и три пати во втората најдобра дефанзивна петорка.
„Филаделфија е мојот дом и сакам до крајот на кариерата да бидам тука. Ја сакам оваа заедница. Тие многу ми дадоа на мене и на моето семејство. Овие луѓе заслужуваат титула, Мислам дека допрва започнавме“, рече Ембид.