Ембид постави рекорд во драмата со две продолженија, а на крајот не се радуваше (Видео)

Чикаго булс победи на гости кај Филаделфија со 109:105 во меч на кој требаше да има две продолженија за да се добие победникот. На овој меч, Џоел Ембид постави клупски рекорд со тоа што стана првиот кошаркар на Филаделфија кој успеал во 10 меча по ред да постигнува 30+ поени.

Првата ѕвезда на 76-ките дуелот го заврши со 37 поени, 16 скока и три блокади, но на крајот неговиот тим загуби, и тоа дури откако Ембид мораше да го напушти теренот поради шест лични грешки на почетокот на второто продолжение. Интересно е дека за Ембид ова е прв пораз во кариерата против Чикаго булс, тим кој го имаше победено секогаш кога играл на претходните 12 средби.

Далас без повредениот Лука Дончиќ загуби на гости кај Мемфис со 112:108 во меч на кој Маверикс имаа 10 поени предност на почетокот на последната четвртина.

Стеф Кари и Клеј Томпсон беа вистински лидери на Голден стејт во победата на гости кај Хјустон. Офанзивното дуо на Воините комбинирани на крајот имаа 59 поени (Кари 30 поени и Томпсон 29 поени).

Резултати: Шарлот – Индијана 115:109, Филаделфија – Чикаго 105:109 по две продолженија, Њујорк – Минесота 134:140, Хјустон – Голден стејт 108:121, Мемфис – Далас 112:108, Јута – Сакраменто 128:120.

- Оглас -

Најнови вести