Филаделфија без суспендираниот Пол Џорџ долго се мачеше против Њу Орлеанс, но најде начин како да победи со 124-114, благодарение на Џоел Ембид кој даде 40 поени, а собра и 11 скока.
Шарлот има убава серија од шест победи по ред, нивна најдолга во последните десет сезони, го совладаа и Сан Антонио со 111-106. Хорнетс го запрес Виктор Вембањама на само 16 поени и осум скока.
Четврта победа во низа извојува Минесота, беа прилично убедливи на гости против Мемфис со 131-114. Ентони Едвардс имаше 33 поени, а Џулиус Рендл 27. Чикаго булс погоди 20 тројки и тоа им помогна да го совладаат Мајами со 125-118, додека Хјустон победи во дуелот со Далас со 111-107 во меч на кој клучниот кош за 109-107 го постигна Алперен Шенѓун. Кај поразените, дебитантот Купер Флег имаше 34 поени.

