Емери: Би сакал, ако може, никогаш да не играме против Ливерпул

Арсенал и Ливерпул се единствените тимови во Премиер лигата кои собраа максимални 6 бода во првите две кола од новата сезона, а овие ривали ќе се сретнат меѓу себе веќе во претстојниот викенд, во третото коло. Тренерот на „топчиите“, Унаи Емери, се плаши од гостувањето на „Енфилд“ в сабота, од 18.30 часот, а има и причина зошто е тоа така.

Последните три меѓусебни дуели ги доби Ливерпул, со вкупна гол-разлика 12-2.

„Не сакаме да играме против Ливерпул. Што се однесува до нас, би сакале никогаш да не играме против нив“, се пошегува Емери, тренерот чиј тим ги совлада Њукасл и Барнли, но сега следува вистинскиот тест.

„Ова ќе биде вистински тест за нас, за навивачите, за луѓето од клубот. Наша цел е да го намалиме заостанувањето зад Ливерпул, Манчестер сити и Тотенхем. Затоа, ваквите дуели се предизвици за Арсенал“, додаде Баскиецот.

- Оглас -

Најнови вести