Емери: Мораме да одиграме перфектен натпревар за да го елиминираме Ливерпул

Вилјареал се наоѓа пред невозможна мисија, а тоа е да ја врати негативата од два погодоци против Ливерпул во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Предводникот на Жолтата подморница, Унаи Емери, знае што треба да направат неговите фудбалери за да дојдат до големото финале и до најголемиот успех во историјата на клубот.

„Мораме да одиграме перфектен натпревар или нешто што е најблиску до перфекција. Одбраната мора да биде брутална и потребно е да пронајдеме нешто во себе, што го немавме на ‘Енфилд’.

Знам дека звучи клише, но не сме под никаков психолошки притисок и на теренот излегуваме опуштени и смирени, па ќе видиме по крајот на средбата дали сме успеале да дојдеме до посакуваната цел“, изјави Емери.

- Оглас -

Најнови вести