Емери направи страшен тим од Астон вила, Гент пукна петарда, Фенербахче останува перфектен

Екипата на Астон вила сезонава игра неверојатно и е главен фаворит за триумф во Лигата на конференции, а вечерва тоа го покажа со убедливата победа на гости кај секогаш незгодниот АЗ Алкмар.

Премиерлигашот предводен од шпанскиот стратег Унаи Емери славеше со 1:4, а сè беше решено само по 56-тата минута, кога премиелигашот имаше водство од 0:4 благодарение на головите на Бејли во 13-тата, на Тилеманс во 23-тата, на Воткинс во 51-вата и на Мекгин во 56-тата минута.

Садик во 65-тата минута постигна почесен гол за холандскиот тим. Со триумфот, Астон вила се искачи на првото место на табелата во групата Е со шест бода.

Убедлива победа оствари Гент против Брејдаблик од 5:0, а дилемите околу победникот беа решени во првото полувреме, во кое белгискиот тим постигна четири гола.
Фенербахче е единствен тим кој засега има максимални девет бода по три кола во конференциската лига. Турскиот тим пред своите гледачи славеше со 3:1 над Лудогорец.

Бачуаи и Зајц донесоа водство за Фенербахче од 2:0, но во 65-тата минута Родриго Бекао со автоголот внесе неизвесност. Сепак, Миха Зајц со неговиот втор гол, и тоа во третата минута од судиското продолжение ја завери победата на Фенербахче.

Резултати:

АЗ Алкмар – Астон вила 1:4
Балкани – Астана 1:2
Фенербахче – Лудогорец 3:1
Гент – Бреидаблик 5:0
Клаксвик – Олимпија 3:0
Лил – Слован 2:1
Лугано – Бриж 1:3

- Оглас -

Најнови вести