Емери се врати во Премиер лигата, Шпанецот е наследникот на Џерард на клупата на Астон вила

Шпанскиот тим Вилјареал вечерва го потврди раскинувањето на соработката со Унаи Емери, кој се сели во Премиер лигата, и тоа на клупата на Астон вила.

Само неколку часа откако се појави информација дека Шпанецот ќе седне на клупата на премиерлигашот, Вилјареал и Емери спогодбено ја прекинаа соработката.
Тимот преку официјално соопштение потврди дека Емери денеска изразил желба да ја прекине соработката, а Вилјареал одлучил да му ја исполни желбата.

Астон вила ја активира клаузулата од шест милиони евра и објави дека Емери ќе биде наследникот на Стивен Џерард, кој минатата недела доби отказ. Шпанецот ќе потпише петгодишен договор за плата од седум милиони евра.

Ова значи враќање на Емери во Премиер лигата бидејќи од август 2018 до ноември 2019 година го предводеше Арсенал.

Шпанскиот тим со Емери на клупата во 2021 година го освои првиот европски трофеј, Лигата на Европа, откако во финалето го победи Манчестер јунајтед, а минатата сезона играше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Покрај Вилјареал и Арсенал, Емери ги водел и екипите на Алмерија, Валенсија, Севилја, Локомотив Москва, ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести