Емил Павлов со европска бронза

Mакедонскиот каратист Емил Павлов освои бронзен медал на Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија, во категоријата за каратисти до 60 килограми. Тој денеска во битката за третото место го совлада Романецот Богдан Гоголоши, и со тоа се закити со бронзениот медал. Претходно Емил беше елиминиран во полуфиналето, откако беше оштетен од судиите во дуелот со Русинот Евгениј Плахутин.

Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година два пати беше европски шампион, во 2014 година и 2018 година, во 2016 имаше бронзен медал, ова му е четврти медал од европските првенства.

На патот до медалот, Павлов ги победи Адлер од Словачка, Антиќ од Србија, Дуловиќ од Црна Гора. Потоа на контроверзен начин загуби меч од Плахутин, па денеска триумфираше над Гологоши.

Наредните предизвици за нашата репрезентација се Премиер лигата, Европските игри во Минск, и остварување на норма за Олимписките игри во Токио 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести