Македонскиот кошаркарски тренер, Емил Рајковиќ, кој го води казахстанскиот тим Астана, е добитник на наградата тренер на сезоната во сезона регионалната ВТБ лига која се смета за трета најсилна во Европа, после шпанската и турската.
Астана имаше одлична сезона, извојува 15 победи во регуларниот дел oд сезоната, што им го донесе шестото место на табелата. Сега екипата на Рајковиќ играше четвртфинале на плејофот против Химки, и испадна, но и пласманот таму е огромен успех за кој најголема заслуга има македонскиот стручњак.
Некогашниот тренер на Фени индустри, Работнички и МЗТ Скопје, наградата ја доби во конкуренција на големи тренерски имиња како што се Димитрис Итудис од ЦСКА Москва, Васили Карашев од Зенит и Римас Куртинаитис од Химки.