Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ продолжува да зема вредни скалпови во турскиот кошаркарски шампионат. Тофаш, тимот што го предводи Емил Рајковиќ, оствари нова голема победа во домашното првенство, откако славеше над славниот Анадолу Ефес со 86-79.
Тимот на Рајковиќ дојде до победата со одлична игра во последната четвртина, која ја доби со 27-19. На полувремето резултатот беше 47-47.
Мексиканецот Алекс-Перез Кауфман беше најдобар поединец кај победниците со 18 поени и девет асистенции, а во тимот на Игор Кокошков 12 поени постигна Џордан Лојд.
За Тофаш ова беше петта победа во шампионатот, претходно го победија и Фенербахче, додека Анадолу Ефес сега има скор од шест победи и три порази.

