Кошаркарскиот клуб Тофаш од Бурса одлучи да ја прекине соработката со тренерот Емил Рајковиќ.
Македонскиот стратег седна на клупата пред почетокот на сезонава, имаше некои забележителни резултати, како победа над европскиот првак Фенербахче.
Но, Тофаш периодов има серија порази поради кои не се пласира во нокаут-фазата во Лигата на шампионите на ФИБА, а не стигна ни до четвртфиналето во Купот на Турција, во моментов е десетти на табелата во една од најсилните лиги во Европа.

