Емилијано Мартинез ќе потпише за Челзи?

Челзи има можност да потпише договор со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез, кој во моментов го брани голот на Астон Вила. Вредноста на потенцијалниот трансфер се проценува на околу 45 милиони фунти.

Иако Манчестер јунајтед првично покажа сериозен интерес за услугите на Мартинез, Црвените ѓаволи во моментов имаат други приоритети на трансфер пазарот, што отвора можност Челзи да се вклучи поактивно во трката за неговиот потпис.


Сините сè уште немаат стабилен прв голман, бидејќи ниту Роберт Санчез, ниту Филип Јоргенсен не успеаја да се наметнат како сигурно решение.

Сепак, според медиумите на Островот, 31-годишниот Емилијано Мартинез сè уште го гледа Манчестер јунајтед како своја прва опција и би преферирал преселба на „Олд Трафорд“.

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, веќе се помирил со можноста дека ќе го загуби својот прв избор на голманската позиција ова лето, па клубот е подготвен да го продаде, доколку стигне соодветна понуда.

- Оглас -

Најнови вести