Репрезентацијата на Португалија настапот на Европското првенство во Германија го заврши во четвртфиналето и тоа со пораз на пенали од Франција, откако натпреварот и после 120 минути игра заврши без голови, 0-0.
После мечот можеа да се видат емотивни сцени на тревникот во Хамбург. Највозрасниот фудбалер кој некогаш настапил на европските првенства, Пепе, со полни 41 години не можеше да ги задржи солзите, а прв пријде да го теши Кристијано Роналдо кој има 39 години. И покрај возраста двајцата одиграа по 120 минути во само четири дена, оној против Словенија во осминафиналето и синоќа против Франција.
и за двајцата ова е последното Европското првенство во нивните кариери.