Емотивен момент за Јани Атанасов – Постигна два еврогола и не можеше да ги сопре солзите (Видео)

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов се издигна над тешката ситуација и со два еврогола беше најзаслужен за победата на Хајдук од 6:3 против Локомотива Загреб во четвртфиналето на Хрватскиот куп.

Атанасов не ги криеше солзите по головите, а му ги посвети на својот најдобар пријател кој почина само еден ден порано по тешката сообраќајна несреќа.

Првиот гол македонскиот репрезентативец го постигна од мртов агол во 51-вата минута.

Потоа пак блесна со фантастичен гол во 66-тата минута, а бомбата од околу 30-тина метри беше вистински еврогол.

https://twitter.com/AboutHnl/status/1465757458480181254?s=20

Во полуфиналето се пласира и Горица, тим за којшто игра Влатко Стојановски, а по вистинска драма победена е Истра на пенали.

Утре во големото дерби меѓу себе ќе играат Динамо и Риека. За домаќините играат нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, а кај гостите се очекува во стартниот состав да биде Дарко Велковски.

 

- Оглас -

Најнови вести