Поранешната тенисерка Јелена Докиќ, открива нови детали од лошиот однос со нејзиниот татко и тренер, Дамир кој постојано на тепал и малтретирал за време на нејзината кариера.
Таа долго време молчеше за тортурата и ќотекот што го добивала од нејзниот татко, но во последните неколку години, Јелена Докиќ редовно открива како била понижувана и тепана од татко и.
„Уште кога ја удрив првата тениска топка, татко ми ме тепаше“, вели Докиќ.
Таа открива дека во моментите кога се пробиваше во тенискиот врв и со само 17 години играше во полуфиналето на Вимблдон (2000 година) каде загуби од Линдзи Девенпорт со 6:4,6:2, татко и бил толку лут што и забранил да се врати во хотелот. Таа морала да спие во соблекувалните на тенискиот комплекс каде се одржува најпрестижниот гранслем-турнир.
„Бев полуфиналистка на Вимблдон, а јас во просторот за тенисери со солзи во очите го слушам татко ми како ми зборува дека сум ги посрамила него и семејството бидејќи сум загубила во полуфиналето на Вимблдон. Не ми дозволи да се вратам во хотелот и ми рече да правам што сакам, да се снајдам и ако треба да спијам на улица, но не смеам да се враќам во соба. Јас останав на тенискиот комплекс и чекав сите да си заминат. Потоа отидов во одделот за тенисери за да спијам таму. Среде ноќ ме најдоа чистачките“, изјави Докиќ во поткастот на Нова.