Емотивна исповед на НБА ѕвездата: Чувам парче торта од 2019 година и тоа ми е целиот свет

Кар Ентони Таунс важи за една од најголемите НБА ѕвезди, а зад себе имаше исклучително тешки две години.

Вирусот Ковид-19 зеде дури осум жртви од неговата фамилија меѓу која и мајката, Жакелин Круз.

Популарниот КАТ даде исцрпно интервју за сето тоа што се случуваше изминативе години.

„Чувам парче торта од 2019 година, пред смртта на мајка ми. Знам дека тоа не е добро за јадење, ама тоа претставува цел свет за мене.

Скроз заборавив на овој 26 роденден, бидејќи и немам никаква причина да го славам. Родендените не ми се посебни бидејќи ја нема мојата мајка сепак, девојка ми се погрижи да не биде така и навистина сум и благодарен“ изјави Таунс кој го кажа и хоророт низ кој минал додека голем број од неговата фамилија ги губеле животите од вирусот.

„Температурата не и паѓаше, секој нареден ден стануваше сè полошо и едноставно се распаѓаше. Цело време и велев дека ја сакам, а она ме п-одготвуваше за она најлошото.

Еден ден беше многу подобра и си помислив дека сето тоа помина, но, по само неколку мигови ситуацијата уште толку и се влоши“ додаде играчот на Минестоа.

Карл Ентони Таунс ја игра најдобрата сезона во својата кариера, забележувајќи 24 поени и 9 скокови по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести