Емотивна ноќ во Торино – Сергеј ја подрасипа разделбата на Јуве со Кјелини и Дибала (Видео)

Сергеј Милинковиќ-Савиќ со гол во последните секунди ја подрасипа емотивната ноќ во Торино и разделбата на Јувентус со Џорџо Кјелини, Пауло Дибала и со уште неколку играчи што си заминуваат.

Лацио со голот на српскиот интернационалец во 95. минута израмни на 2:2 и освои голем бод за настап во еврокуповите.

Во фокусот на мечот беа легендарниот капитен Џорџо Кјелини, кој беше заменет симболично во 17. минута, за 17-те сезони минати во Јувентус.

After 17 seasons at Juventus, Giorgio Chiellini receives a standing ovation as he is taken off in the 17th minute in his final home game for Juventus from soccer

Со него вечерва од црно-белиот дрес се прости и Пауло Дибала, кој веројатно во иднина ќе игра за големиот ривал на Јуве, Интер од Милано.

И Дибала беше заменет во 78. минута, откако симболично Кјелини му ја предаде капитенската лента.

Душан Влаховиќ му го посвети првиот гол на мечот на Дибала, со препознатливиот знак за Аргентинецот, а од Јувентус вечерва се простија и Мората со вториот гол на мечот, потоа и Бернардески и Квардаро.

Јувентус водеше со 2:0, но со автоголот на Алекс Сандро во 51. минута и на Милинковиќ-Савиќ во последниот напад Лацио освои бод со реми 2:2.

- Оглас -

Најнови вести