Емотивна средба на двајца Украинци на „Гудисон парк“ (Видео)

Евертон е домаќин на Манчестер сити во меч од Премиер лигата, а пред почетокот на дуелот во фокусот се најдоа двајцата  украински интернационалци.

Неспоредно по излегувањето на теренот за да се загрева, Александер Зинченко од Сити, истрча до средината на игралиштето каде го чекаше Витали Миколенко од Евертон. Двајцата Украинци се прегрнаа и си дадоа поддршка за полесно да ги поминат драматичните моменти кои се случуваат во нивната родна земја.

Навивачите на стадионот, со аплауз го испратија овој потег на двајцата Украинци во редовите на Евертон и Манчестер сити.

https://youtu.be/bxUGDxXw_6o

- Оглас -

Најнови вести