Емотивна вечер во Белград: Партизан и Мега се простија од Дејан Милојевиќ (Видео)

Кошаркарите на Партизан и Мега вечерва во „Штарк арената“ го затворија 17-тото коло во АБА-лигата, а пред почетокот на мечот, навивачите, играчите и пријателите се простија од Дејан Милојевиќ, кој минатата среда почина како последица на срцев удар.

Во „Штарк арената“ прво беше пуштено видео во чест на Милојевиќ, потоа следуваше неколкуминутно скандирање на неговото име, кое беше проследено со пиротехничко шоу, а непосредно пред мечот имаше и минута молчење.

https://twitter.com/i/status/1749504578238747069

На натпреварот присуствуваа 23.021 навивач, што претставува рекордна посета во историјата на АБА-лигата.

На крајот Партизан славеше со 112:80 и се врати на второто место на табелата.

https://twitter.com/i/status/1749500152111378484

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести