Емотивни сцени во Лион, Лаказет со тешко срце се прости од саканиот клуб (Фото)

Ветеранот Александре Лаказет синоќа го одигра својот последен меч во дресот на Лион, клубот за кој постигна 201 гол, бројка до која дојде со двата погодоци синоќа во победата против Анже.

Лаказет е роден во градот Лион, фудбал почна да тренира во клубот Лион, ги мина младинските категории по што почна да игра прво за Б тимот, а потоа и за првиот тим. За Лион играше од 2010 до 2017, а потоа се пресели во лондонски Арсенал каде остана пет години. Во 2022 се врати во Лион и играше три години за саканиот матичен клуб. Но, дојде време за разделба која му падна тешко.

Навивачите му направија кореографија, соиграчите му направија почесна гарда, а Лаказет после мечот остана на стадионот кој беше поразен и гледаше кон трибините, присетувајќи се на сите убави моменти.

На крај, седна на центарот на теренот и гледаше кон трибините. Му се заблагодари на клубот и му посака среќа. Можеби веќе нема да игра за Лион, но клубот секогаш ќе му биде во срцето, ова беше уште од убавите фудбалски приказни со прилично среќен крај.

- Оглас -

Најнови вести