Најголемиот шпански спортист на сите времиња, тенисерот Рафаел Надал, вечерва во Малага го одигра својот можеби последен натпревар во блескавата кариера. Публиката го поздрави со овации по мечот кој му беше последен или претпоследен во кариерата.
Надал, кој последните години ретко игра, се мачи со повреди и e далеку од некогашната форма, најави дека по овој Дејвис куп меч на Шпанија против Холандија ќе се прости од активното играње.
Рафа вечерва во Малага загуби од Ботис Ван де Зандсхулп со 4-6, 4-6, за водство на Лалињата од 1-0. Постои голема веројатност Надал веќе да не заигра и ова да му беше последен меч во кариерата. Тој беше многу емотивен пред мечот, се расплака додека се интонираше шпанската химна. Колку и да беше голема желбата за победа кај него, сепак телото му дава сигнал дека е време за заслужена пензија.
All the emotions ❤️🇪🇸@RafaelNadal | @DavisCup
— ATP Tour (@atptour) November 19, 2024