Емотивно на „Енфилд“, трагедијата на Роналдо ги обедини навивачите на Ливерпул и Манчестер (Видео)

Смртта на машкото бебе од новородените близнаци на Кристијано Роналдо ги потресе сите, дури и оние фанови кои најмногу го мразат Португалецот.

Ривалството на навивачите на Ливерпул и Манчестер јунајтед барем на една минута беше ставено на страна и тие во седмата минута од вечерашниот премиерлигашки меч на „Енфилд“ со аплауз заеднички му дадоа поддршка на најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.

Поради трагедијата, Роналдо вечерва нема да игра, но сигурно ќе има зборови на благодарност за ова што се случи вечерва. Двата тима играат со црни ленти на дресови, а фановите ја пееја славната „You’ll never walk alone“, со што му порачаа на Роналдо дека не е сам во овие тешки денови.

- Оглас -

Најнови вести