Емотивно простување: Крањчар со солзи се збогува од неговиот татко Златко

Хрватска денес се прости од својата фудбалска легенда Златко Цицо Крањчар кој почина на 65-годишна возраст откако ја загуби животната битка со тешка болест. На комеморацијата во Загреб животот на Крањчар го славеа неговото семејство, блиските пријатели и бројни спортски работници, но неговиот син Нико Крањчар, со многу емоции се прости од својот татко.

„Ти беше мојот идол, со добар дух и таков ќе останеш уште долго. Поради тебе се заљубив во фудбалот носејќи ме на тренинзите во Рапид, иако говореше дека мајка ми е таа која ме воспита. Ме оставаше сам да се борам за да научам да бидам храбар. Ти ми беше пример како да ја сакам и ценам мојата припадност, ме научи да бидам вистински граѓанин и да се чувствувам како Хрват. На овој свет сите сме еднакви, тоа е најголемата лекција која ја научив од тебе. На сите да им се даде барем една насмевка, тоа не чини ништо за никого. Тато, да знаеш дека ти не си замина од овој свет, туку засекогаш ќе бидеш покрај нас. Те сакам и ти благодарам од дното на моето срце“, говореше Нико и лееше солзи.

Златко Крањчар ќе почива во Алејата на великаните во Загреб.

- Оглас -

Најнови вести