Емотивно во Копенхаген, Данците и Белгијците прекинаа со игра, и со аплаузи го поздравија Ериксен (Видео)

Како што беше најавено, во 10-тата минута од средбата помеѓу Данска и Белгија, дојде до прекин на играта, за да му даде поддршка на Кристијан Ериксен кој е во болница. Десетката на Данска има проблем со срцето, а животот му беше спасен благодарение на лекарите за време на мечот со Финска. Аплаудираа сите присутни на „Паркен“ во Копенхаген: играчи, навивачи, судии…

Навивачите на трибината зад голот истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Цела Данска е со тебе Кристијан“.

 

Инаку, Данците со голот на Поулсен во втора минута, водат со 1-0. Белгија која важи за фаворит во групата, засега е во шок.

Еве како изгледаше поздравот и аплаузите наменети за данскиот фудбалер:

- Оглас -

Најнови вести