Емотивно збогум за Дадашев од Матијас: Летај високо на небото голем ратнику

Субиел Матијас на емотивен начин со порака се прости од Максим Дадашев, по бокс мечот меѓу нив двајцата, што заврши трагично за рускиот боксер.

На Дадашев по мечот му се слоши и почина набрзо како последица од ударите што ги претрпе на бокс мечот со Матијас.

„Летај високо на небото голем ратнику. Никој не заслужува ваква смрт, додека очекува да ги оствари своите соништа. Секогаш ќе те почитувам. Почивај во мир, Максим“ изјави Матијас.

Порториканецот тешко го преживеа трагичниот момент и смртта на Дадашев по нивниот меч, а одби фда ја прими наградата од 75 илјади долари за победа во рингот.

- Оглас -

Најнови вести