Пред почетокот на мечот Челзи – Кристал Палас, фановите на Сините го скандираа името на покојниот Италијанец Џанлука Вијали, кој остави неизбришлива трага во историјата на клубот, а имаше и едноминутен молк во негова чест.
Освен тоа, беше истакнато и големо знаме со ликот на Вијали во дрес на Челзи и емотивна порака: „Кога неговите голови го осветлуваат небото, се појавува солза во моите очи“.
Ќе видиме како Челзи кој е во резултатска криза, ќе мине попладнево против Палас, но Сините извојуваа една друга голема победа и тоа над Арсенал, со привлекување на „Украинскиот Мбапе“, Михајло Мудрик.
Челзи за Мудрик ќе плати отштета од дури 100 милиони евра, а младиот Украинец е присутен на „Стемфорд Бриџ“ заедно со спортскиот директор на Шахтар, Даријо Срна.
Инаку, се чека само да заврши мечот со Палас, па клубот и официјално да објави дека Мудрик е нов нивен член. Во Челзи, новата украинска ѕвезда ќе носи дрес со бројот 15.